Највисокиот кинески дипломат, директор на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји пристигна во Москва на разговори за можниот мировен план за Украина, објави московскиот весник Комерсант.
Весникот тврди дека главната цел на неговата посета е да ја зајакне улогата на Пекинг кога е во прашање решението на конфликтот во Украина.
Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на информирани дипломатски извори, јавува дека Ванг се уште не пристигнал во Москва, но дека наскоро ќе пристигне.
На конференцијата за безбедност во Минхен, Ванг го повтори повикот за дијалог и предложи европските земји мирно да размислуваат како да се стави крај на војната.
Ванг, исто така, рече дека „постојат некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши“, но не прецизираа на кого се однесува.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе одржи мировен говор на годишнината од инвазијата на Украина, изјави во петокот италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.