Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да се искачи до 15 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со слаб ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.
Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од југ, односно југоисток.
Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 14 степени целзиусови.
Високите температури ќе се задржат и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски