Зеленски: Тешка ситуација на истокот од државата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека ситуацијата е „исклучително тешка“ на истокот на земјата, каде руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут.

Loading...

„Ситуацијата на линијата на фронтот е сè уште исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Зеленски рече дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во последната офанзива пред Киев да добие ново оружје.

„Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука. Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски по рускиот напад на Киев: Путин не се подготвува за мир

Зеленски им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки со одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука.

Во вторникот во Брисел се одржа состанок на Контакт групата за одбрана за Украина, на кој присуствуваше и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.