Министрите за одбрана на НАТО денеска и утре за испраќање оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Членките на НАТО ќе се обидат да ја забрзаат испораката на оружје и муниција за Украина и за време на дводневниот состанок на министрите за одбрана ќе разговараат за набавка на борбени авиони со цел Украина да се спротивстави на новата офанзива што ја подготвува Русија.

Loading...

Сојузниците ветија дека ќе ѝ дадат на Украина артилерија, оклопни возила и тенкови, системи за противвоздушна одбрана и „ќе бидат преземени други мерки“, изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на состанокот на Групата за поддршка на Украина предводена од САД.

„Ние сме вклучени во логистичка трка. Владимир Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви. Затоа мораме да продолжиме да ѝ даваме на Украина она што и е потребно. Тој треба да победи“, изјави Столтенберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

Генералниот секретар на НАТО додаде дека украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ќе биде присутен во Брисел на состанокот на Алијансата.

Според него, муниција, гориво и резервни делови мора да пристигнат во Украина пред Русија да преземе иницијатива на бојното поле.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.