Кумановските пожарникари неуморно работат на спасување животи во Турција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тимот од петмина пожарникари од Куманово кои на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски заминаа на помош во пребарување и спасување по катастрофалнот земјотрес во Турција веќе неколку дена неуморно работат во градот Адијаман.

Loading...

 

 

Заедно со колеги од целиот свет помагаат во пребарување на урнатините кои останаа по големата катастрофа што ги погоди Турција и Сирија.

Од урнатините жива спасиле и една жена кој неколку дена била затрупана под градежниот шут.

 

Loading...

 

Градоначалникот Димитриевски упати благодарност за нивната пожртвуваност на терен да пружат помош на настраданите.

– Ви благодарам храбри луѓе, сите сме горди на вас. Нашите молитви се со вас и турскиот и сирискиот народ, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

 

 

Спасувачките тимови од цел свет се во огромна трка со времето да ги пребарат урнатините и да извлечат уште некој преживеат дури и една недела откако се случи катастрофата.

Иако шансите се мали, спасувачите не губат надеж, а фактот дека по 167 часа е спасен маж во Антакија им влева мотив да продолжат да бараат преживеани.

Loading...

 

 

Од денеска секое спасување ќе се смета за вистинско чудо, со оглед дека изминаа седум дена откако два силни земјотреси ги погодија регионите на Турција и Сирија.

 

 

Досегашниот биланс на загинати надмина 34.000, додека неколку десетици илјади се повредени.

Loading...

Никола Ивановски

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.