Москва не верува во ветувањата на Киев дека нема да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко на руска територија, објави денеска државната новинска агенција РИА, цитирајќи официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно оваа недела изјави дека Киев ќе го користи оружјето што САД планираат да го обезбедат само за да ги нападне руските сили на украинска територија.
„Не може да има доверба во таквите изјави бидејќи украинските власти постојано ја покажаа својата неверодостојност и неспособност да постигнат договор“, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи Алексеј Полишјук, пренесува денеска Хина.
Украина утрово објави дека била цел на нов „масовен“ руски напад со проектили и дронови на неколку енергетски локации.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела беше во Лондон, Париз и Брисел, каде апелираше до сојузниците да и дадат повеќе оружје на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.