Застрашувачка проценка за бројот на луѓе кои би можеле да бидат под урнатините

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија.

Loading...

Во Турција загинаа најмалку 18.342 лица, додека во Сирија 3.377.

Аксел Заимовиќ од турската телевизија ја коментираше ситуацијата за РТЛ Директ.

„Има уште голем оптимизам кај спасувачките тимови, тие веруваат дека можат да стигнат до луѓе за кои се смета дека сѐ уште живи под урнатините и иако земјотресот се случи во понеделник, шансите сѐ уште се големи.

Во текот на денот имавме можност да видиме извлекување на неколку луѓе кои се под урнатините во неколку од 10-те провинции кои беа погодени од овој разорен земјотрес.

Оптимизам владее и кај волонтерите кои со задоволство помагаат и им олеснуваат на спасувачките тимови на терен максимално ефикасно да ја вршат својата работа.

Има и членови на спасувачките тимови од различни земји, така што потрагата е прилично олеснета со оглед на многуте предизвици кои моментално се среќаваат на терен.

Важно е да се нагласи дека многу луѓе беа погодени од овој разорен земјотрес, околу 13 и пол милиони, станува збор за површина од околу 100 илјади квадратни километри.

Loading...

Во текот на денот пристигнаа првите проценки, според кои се верува дека под урнатините би можеле да бидат затрупани околу 180 илјади луѓе.

Оптимизмот сѐ уште владее, очекуваме дека во следните неколку часа ќе има добри вести и дека многу луѓе ќе бидат извлечени од под урнатините“, рече тој.

Овонеделниот земјотрес е седма најсмртоносна природна катастрофа на векот, со повеќе жртви од цунамито во Јапонија во 2011 година, што е блиску до земјотресот во соседен Иран во 2003 година, кој однесе 31.000 животи.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.