Нов земјотрес утринава во источна Турција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција.

Loading...

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) објави дека епицентарот бил на 11 километри од Малатја, на длабочина од два километри.

Засега нема информации дали овој земјотрес предизвикал нови штети во Турција.

Земјотресот се случил во 7 часот и 50 минути по локално време.

За потсетување, во понеделникот наутро започна серија силни земјотреси во Турција и Сирија. Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во двата земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Главниот земјотрес беше проследен со десетици последователни потреси.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.