Во Турција спасена жена 80 часа по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Селма Хасар, 40-годишна жена беше спасена од урнатините во четвртокот 80 часа по силниот земјотрес што ја погоди јужна Турција.

Loading...

Таа беше спасена од урнатините на урнатата зграда во провинцијата Хатај, една од десетте провинции кои беа тешко погодени од земјотресите во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во земјотресите загинале најмалку 14.014 луѓе, а 63.794 се повредени.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија десет провинции и повеќе од 13 милиони луѓе.

Најмалку 2.802 лица загинаа, а 5.035 се повредени во Сирија по серијата силни земјотреси.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.