Скоро 16.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија во моментов е најмалку 15.865, соопштија официјални лица, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската организација Бели шлемови која обезбедува помош за цивилите во областите контролирани од сириската опозиција.

Околу 1.262 смртни случаи се регистрирани во делови на земјата под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми.

Хуманитарните организации предупредија дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, особено во Сирија, бидејќи тимовите за пребарување и спасување ги расчистуваат урнатините на илјадниците урнати згради во тешки временски услови, соочени со ризик од последователни потреси.

Според официјалните лица, според Си-Ен-Ен, десетици илјади луѓе биле повредени низ целиот регион.

Бројот на повредени во Турција се искачи на 62.914, соопшти агенцијата за вонредни состојби, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а потрагата е отежната поради ниските температури, пренесе Ројтерс.

Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.

Loading...

Два силни земјотреси во понеделникот наутро ја погодија југоисточна Турција, речиси целосно уништија неколку градови, а земјотресот кај Газиантеп беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.