Во Македонија собрани околу 10 милиони денари за настраданите во Турција и Сиријa

Сподели со своите пријатели

Црвениот крст на РСМ на 08.02.2023 година одржа прес конференција во врска со катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Loading...

Прес конференцијата беше отворена од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин Хасан Мехмет Секизќок.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити истакна дека на наше големо задоволство може со сигурност да кажеме дека граѓаните на Република Северна Македонија и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело.

Заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следниот месец предлог проектите на општините на владина седница (ВИДЕО)

Исто така Црвениот крст на РСМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин Хасан Мехмет Секизќок изрази голема благодарност до сите граѓани на РСМ за несебичната хуманоста и солидарноста кои ја покажуваат.

Во координација со Амбасада на Република Турција во РСМ договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства. Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош. Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

Loading...

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минчев: Балансерот во минатато беше предмет на злоупотреби (ВИДЕО)

IBAN CODE: MK07300701000001228

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.