ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: По 72 часа девојче пронајдено живо под урнатините (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две лица се извлечени живи од урнатините на земјотресот во два одделни града во југоисточна Турција, повеќе од 72 часа откако земјотресот го погоди местото каде што живеат.

Loading...

Спасувачките екипи ја извлекле повредената жена од урнатините и таа со возило на Брза помош била пренесена во болница.

Во исто време од урнатините во Антакија е спасено мало девојче.

Новинската агенција ИХА објави дека и нејзиниот татко е жив, а спасувачките екипи се обидуваат да го извлечат.

 

 

Најмалку 15.383 луѓе загинаа по двата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во понеделникот.

Loading...

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 15.865, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската организација Бели шлемови која обезбедува помош за цивилите во областите контролирани од сириската опозиција.

Околу 1.262 смртни случаи се регистрирани во делови на земјата под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.