Зеленски и Макрон патуваат заедно на самитот на ЕУ во Брисел

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон заедно ќе отпатуваат на самитот на ЕУ, што денеска се одржува во Брисел, соопштија од кабинетот на Макрон.

Loading...

Зеленски вчера ја започна мини турнејата низ европските метрополи со цел да ги охрабри лидерите на ЕУ да одобрат поголема помош за Украина во вооружување и за брз почеток на преговорите за членство на Киев во Унијата, објави Ројтерс.

Зеленски, кој во среда ги посети Лондон и Париз, ќе присуствува на самитот на лидерите на ЕУ и ќе се обрати пред Европскиот парламент за време на неговиот престој во Брисел.

Како што е најавено, тема на самитот во Брисел, кој ќе се одржи од 9 до 10 февруари, ќе биде конфликтот во Украина и ситуацијата во европската економија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.