Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,2 степени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди денеска централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Земјотресот на длабочина од пет километри со епицентар на 61 километар од турскиот град Адијаман се случил во 11:11 часот (14:15 часот по локално време).

Десет минути подоцна следеше послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени на длабочина од 20 километри со епицентар на 38 километри североисточно од Кахраманмарас.

ЕМСЦ на својот Твитер профил објави дека очевидци пријавиле дека земјата се затресла и во Сирија во 12:27 часот по локално време и дека наскоро ќе објават официјални сеизмички податоци, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.