Бајден не дава авиони, но Британија започнува со обука на украински пилоти

Сподели со своите пријатели

Владата на Обединетото Кралство денеска објави дека ќе започне со обука на украински пилоти да управуваат со борбени авиони според НАТО стандардите.

Loading...

Најавената обука е прва официјална програма во која украинските пилоти ќе учат да летаат со борбени авиони од западно производство, јавува Си-Ен-Ен.

Сепак, нема најави дека западните сојузници ќе ги испратат авионите во Киев, иако тоа го побарал украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најавата за обуката доаѓа на денот кога Зеленски ќе ја посети Велика Британија, каде ќе се сретне со премиерот Риши Сунак и ќе се обрати во парламентот.

„Премиерот ќе понуди да ја зголеми понудата за британска обука за украинските војници, таа ќе се прошири и на борбените пилоти за да се осигура дека Украина може да го брани своето небо во иднина“, се вели во соопштението на британскиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган разговараше со Мелони, Турција е подготвена да помогне во завршувањето на војната

Британската влада најави претходно денеска дека тоа ќе им даде на воените сили на Украина „способност со поголем дострел“, но други информации не беа објавени.

„Ова ќе ја наруши способноста на Русија постојано да цели на украинската цивилна и клучната национална инфраструктура и ќе помогне да се намали притисокот врз линиите на фронтот на Украина“, се вели во соопштението.

Во ноември, украинските воздухопловни сили избраа десетици млади пилоти кои зборуваат англиски, кои требаше да бидат испратени на обука во тоа време. Како што тогаш беше истакнато, многу од нив имаат борбено искуство.

Loading...

Пред тоа, двајца украински пилоти, кои беа претставени со прекарите „Џус“ и „Манфиш“, беа во Америка, каде се обидоа да ја поддржат дискусијата за неизбежноста на испораката на авионот.

Тие објаснија дека на нив и на нивните колеги првенствено им се потребни ловци за да постигнат супериорност во воздушниот простор над Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 16 повредени во напади со украински дронови во Белгород

Се зборуваше дури и за испорака на авиони Ф-15 и Ф-15. Американците веднаш го отфрлија вториот авион како можност, додека авионот Ф-16 беше начелно одобрен.

Имено, во текот на следните неколку години, најмалку 800 од тие авиони ќе бидат повлечени од употреба од земјите членки на НАТО и другите американски сојузници.

Сепак, приказната за испораката на авиони во Украина остана само на хартија.

Да потсетиме, американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна ја отфрли можноста за испорака на авиони од западно производство во Украина.

Бајден не сака дополнително да ги заостри односите со Русија.

Како ладен туш, Киев беше информиран дека во најдобар случај може да се надева на испорака на авиони МИГ-29.

Loading...

Полска е подготвена да ги проследи своите авиони од овој тип, кои се во одлична состојба, и на тој начин да се ослободи од опремата од советско производство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пука икраинската одбрана околу Покровск. „Ова е пекол“

А, украинските пилоти се веќе обучени да управуваат со МИГ, а воените аеродроми низ целата земја веќе имаат инфраструктура за нивен прием и одржување.

Со веста дека Британците сепак ќе обучуваат дел од украинските пилоти, приказната повторно се враќа во фокус.

Повторно се слушаат тези дека се достапни американските авиони, „Еурофајтер“, шведскиот „Грипен“, францускиот „Рафал“.

Многу се зборуваше за авионот од типот А-10, кој, како што се вели, би бил идеален за борба против руски тенкови.

Сепак, се слушаат гласови на разумот дека поради малата брзина тој авион лесно би станал мета на руските ловци.

Наместо тоа, на украинските пилоти подобро ќе им служи јуришниот авион Су-25, кој веќе е во служба со воздухопловните сили на земјата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...