Русија испраќа тим од 11 лекари во Турција

Сподели со своите пријатели

Тим од 11 руски лекари ќе биде испратен денеска во Турција за да им пружи медицинска помош на преживеаните во разорните земјотреси, изјави за новинарите помошникот министер за здравство на Русија, Алексеј Кузњецов.

Loading...

„Согласно инструкциите на претседателот на Русија Владимир Путин, тим од лекари ќе биде испратен во Турција за да им пружи медицинска помош на преживеаните од земјотресот“, рече Кузњецов, пренесе ТАС С.

Според него, тимот го сочинуваат 11 трауматолози, неврохирурзи, хирурзи, педијатриски хирурзи и анестезиолози-реаниматори од водечки руски федерални медицински центри.

Според последните податоци, повеќе од 11.000 луѓе загинале во разорните земјотреси во Турција и Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 8.574, а во таа земја се повредени 49.133 лица.

Претходно беше објавено дека во Сирија загинале повеќе од 2.500 луѓе.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.