НЕИЗМЕРНА РАДОСТ: Цело семејство живо извлечено од урнатините во Сирија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На интернет се појави видео на кое се гледа како група сириски волонтери за цивилна одбрана, познати како Бели шлемови, извлекуваат семејство од урнатините на куќата која за чудо го преживеала разорниот земјотрес што ја погоди земјата, пренесува Нова.рс.

Loading...

Белите шлемови соопштија дека спасувачката операција се одвивала во селото Бисна, во близина на Идлиб во северозападна Сирија, пренесува Нова.рс.

„Ова е вистинско чудо. Звуците на радост го исполнија небото“, напиша групата на Твитер.

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

На видеото се гледа како тие користат алатки за да ги отстранат урнатините, а потоа преку мал отвор извлекуваат група луѓе, меѓу кои има и деца.

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.