СЗО за земјотресите: Пребарувањето и спасувањето се клучни

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) ги прогласи земјотресите што ги погодија Турција и Сирија за „вонредна состојба на трето ниво“ – со критичен 48-часовен прозорец за спасување заробени луѓе, јавува Anadolu.

Loading...

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге, за „Скај њуз“ изјави дека сите ресурси ги насочуваат кон овие две земји, наведувајќи дека пребарувањето и спасувањето се клучни.

„Секоја катастрофа е различна. И, се разбира, работата за спасување на луѓето е исклучително важна“, изјави портпаролката на СЗО Маргарет Харис за Sky News.

Таа додаде дека степенот на загубите во Турција и Сирија уште некое време нема да се знае.

Најмалку 7.108 лица загинаа, а 40.910 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Турција, објави во средата Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).

Како последица на земјотресот во соседна Сирија животот го загубија најмалку 2.530 лица, а повредени се 4.645 лица.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција рано наутро во понеделникот.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа тешко погодени од земјотресот.

Loading...

После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди квартот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.