По ужасниот земјотрес што ги опустоши јужните делови на Турција и Сирија, во кој според последните проценки загинаа повеќе од 9.500 луѓе, на социјалните мрежи се појавуваат ужасни сцени со спасување на преживеани.
Вака е објавено видеото од спасувањето на двомесечното бебе, кое 48 часа по земјотресот во Елбистан, кој е меѓу епицентрите на земјотресот во Кахраманмарас, беше извлечено од урнатините.
Бебето било однесено во болница на набљудување.
По земјотресот, чиј епицентар беше Пазарцик и кој погоди 10 провинции, спасувачите продолжуваат со потрагата и спасувањето во Кахраманмарас.
Откако го слушнале звукот од урнатините во областа Сараикент, екипите за пребарување и спасување започнале со работа.
По околу 2 часа работа, двомесечното бебе по име Мухамед Доган Бостан било извлечено од урнатините и пренесено во болница.
Интересно е тоа што бебето Мухамед, кое било спасено 48 часа по земјотресот, си ја цицало раката додека го извлекувале од урнатините.
Како што пренесуваат турските медиуми, мајката на бебето Церен Бостан била извлечена од урнатините и пренесена во болница.
Kahramanmaraş’ın Elbistan ilçesinde depremden 48 saat sonra enkazdan çıkarılan 2 aylık Muhammed Doğan Bostan bebek, kontrol amaçlı hastaneye kaldırıldı https://t.co/RURDXv9eDG pic.twitter.com/cy1KTmc2R5
— ANADOLU AJANSI (@anadoluajansi) February 8, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.