Поставени над 50.000 големи шатори за сместување на жртвите од земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Управата за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека е завршено поставувањето на станбени шатори во подрачјата погодени од земјотресите во Турција, јавува Анадолија.

Loading...

Досега се поставени вкупно 50.818 големи семејни шатори за сместување на жртвите од земјотресот.

Една од шаторските населби беше поставена на стадионот во Кахраманмарас.

„Исто така, вкупниот број на персонал за пребарување и спасување во регионот составен од персонал од АФАД, Жандармеријата, Министерството за одбрана, Противпожарните бригади, Министерството за образование, невладини организации и волонтери е 79.110. Во подрачјата погодени од земјотресите се испратени и 5.309 лица кои дошле на помош од други земји“, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Во погодените подрачја испратени се вкупно 5.402 возила – багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, камиони за вода, приколки и други возила.

„Вкупно десет бродови – девет бродови на командата на поморските сили и еден брод на командата на крајбрежната стража, беа испратени во регионот заради транспорт на персонал, материјали и евакуација“, соопшти АФАД.

Најмалку 7.108 лица загинаа, а 40.910 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Турција, објави во средата Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).

Како последица на земјотресот во соседна Сирија животот го загубија најмалку 2.530 лица, а повредени се 4.645 лица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција во понеделник рано наутро.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа тешко погодени од земјотресот.

После тоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди квартот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.