Сè е претворено во прашина: Снимките од воздух го покажуваат обемот на ужасот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 8.700 луѓе загинаа во Турција и Сирија како резултат на двата разорни земјотреси во понеделникот, а се стравува дека бројот драстично ќе се зголеми.

Loading...

Бројот на загинати во Турција се искачи на 6.234, покажуваат податоците на агенцијата за управување со катастрофи во земјата.

Тешко е да се потврди бројот во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачките служби кои работат во северозападниот дел на бунтовниците велат дека бројот на загинати надмина 2.500.

Спасувачката група „Бели шлемови“, која дејствува во областа под контрола на бунтовниците, на Твитер објави дека бројот на жртви во тие области надминал 1.280 и дека има повеќе од 2.600 повредени.

„Бројот се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот“, објавија Белите шлемови.

Повеќе од 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од оваа катастрофа.

Низ социјалните мрежи се шират застрашувачки снимки кои го покажуваат степенот на катастрофата.

Објавата на Твитер го прикажува градот Кахраманмарас, кој се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.

Loading...

Градот беше целосно уништен во земјотресот.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.