Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции.

Loading...

„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашата најголема утеха е што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани од под урнатините“, рече Ердоган.

„Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во нејзината историја, туку и во светот“, додаде тој.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија постојано се зголемува и според последните податоци има повеќе од 5.000 жртви.

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.