Турска влада: 13,5 милиони луѓе погодени од земјотресот

Сподели со своите пријатели

Според владините податоци, повеќе од 13 милиони луѓе во Турција се погодени од катастрофалниот земјотрес што го погоди пограничниот регион меѓу Турција и Сирија.

Loading...

„Овој земјотрес директно погоди 13,5 милиони наши граѓани“, рече министерот за урбанизам Мурат Курум.

Спасувачката работа продолжува, рече тој.

Некои патишта и патеки се непроодни и се работи на нивно подобрување.

Во некои области нема вода, рече тој, а се прават напори што поскоро да се санираат штетите и да се снабдат луѓето со вода.

„Страдањето е неописливо“, рече тој, додавајќи дека секој час е скапоцен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Тој се обидува да ги охрабри граѓаните нагласувајќи дека во претходните земјотреси луѓето се спасувале и по 100 часа.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...