Турција: Уапсени 4 лица поради коментари за земјотресот на социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

Турската полиција денеска соопшти дека уапсила четири лица по „провокативните“ пораки на социјалните мрежи за земјотресите што го погодија југоисточниот дел на земјата.

Loading...

Во серијата земјотреси во понеделникот, околу 4.900 луѓе загинаа во Турција и Сирија, додека неколку илјади беа повредени и останаа без покрив над главата.

Четири лица се уапсени откако полицијата открила профили на кои споделуваат „провокативни објави со цел да се создаде страв и паника“, соопшти полицијата без да образложи за содржината на пораките.

Социјалните мрежи во Турција се преплавени со пораки од луѓе кои се жалат на недостаток на спасувачки напори и потрага по жртви во нивните области.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Веднаш се проверуваат информациите за адресата и локацијата на граѓаните кои бараат помош“, велат од полицијата.

Турција во октомври усвои закон за дезинформации со кој се казнува ширењето на „лажни вести“ со до три години затвор.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.