ОН: Земјотресот во Турција најсилен во последните 80 години

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации соопштија дека вчерашниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужна Турција, е најсилниот земјотрес во таа земја во последните 80 години.

Loading...

„Ова е најсилниот земјотрес регистриран во Турција од 1939 година“, се вели во извештајот објавен во понеделникот од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (УНОКА), пренесува Си-Ен-Ен.

UNOCA соопшти дека тимовите за одговор при итни случаи од Обединетите нации за проценка и координација при катастрофи (UNDAC), Меѓународната советодавна група за пребарување и спасување (INSARAG) и тимови за итни медицински одговор на Светската здравствена организација (EMTs) се мобилизирани во Турција за да помогнат во хуманитарните напори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

„ОН и партнерите внимателно ја следат ситуацијата на теренот и работат на мобилизирање ресурси за итни случаи во регионот“, се наведува во извештајот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.