Огромен пожар во пристаниште во Турција гори веќе два дена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.800.

Loading...

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата, додека цели станбени области беа срамнети со земјата.блокови.

Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.

Асошиетед прес јавува дека пожарот во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, кој избувна по земјотресот, продолжува втор ден.

Фотографиите и видеата покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери кои се урнаа по земјотресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека брод на турската крајбрежна стража помага во гаснењето на пожарот.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.