Спасувачите бараат преживеани, а зградите околу нив се уриваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300.

Loading...

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Огромната спасувачка операција сѐ уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.

Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето се случи уште еден со јачина од 7,5 степени исто така на југоистокот на Турција.

Нови застрашувачки снимки пристигнуваат од Турција. Додека луѓето бараат преживеани од урнатините, зградите се уриваат околу нив.

 

 

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.