Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција, спасено е тригодишно момче.
Момчето преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода.
Видеото на Твитер го сподели новинарот на ТРТ, Хакан Чопур, наведувајќи дека тоа било чудо.
Да потсетиме, разорните земјотреси кои вчера ја погодија Турција однесоа повеќе од 4.300 животи во Турција и Сирија.
Спасувачките екипи се на терен повеќе од 24 часа и во многу лоши временски услови прават се за да ги пронајдат преживеаните.
На помош им дојдоа спасувачи од бројни земји.
A miracle after 22 hours!
A 3-year-old baby was just rescued from the rubble in Malatya, one of the epicenters of #Turkiye earthquake.
— Hakan Copur (@hakancopur1) February 7, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.