Од Турција и Сирија продолжуваат да пристигнуваат шокантни сцени на уништување во страшните земјотреси кои ги погодија пограничните региони.
Разорните земјотреси, раните утрински со јачина од 7,8 степени и подоцнежниот, само малку послаб од 7,5 степени, уриваа згради како да се од хартија.
Некои од зградите кои се урнаа за неколку секунди се новоградба.
Така, од турскиот град Малатија дојде видео на кое се гледа уривање на новоизградена зграда во провинцијата Кахраманмарас по земјотресот.
Видеото предизвика бројни коментари на социјалните мрежи од гневни луѓе кои бараат одговорност од локалните власти, министерствата, инспекциите, изведувачите, инвеститорите и сите други вклучени во градежниот процес.
Луѓето пишуваат дека одговорните мора да одговараат пред законот.
Погледнете го видеото:
Malatya’da yeni yapılan bir bina, Kahramanmaraş depremi sonrası bugün yerle bir oldu. pic.twitter.com/dcNzSDi5yO
— ibrahim Haskoloğlu (@haskologlu) February 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.