Тешките услови и ниските температури ги попречуваат спасувачките напори во Турција и Сирија, еден ден откако силните земјотреси го погодија регионот, при што загинаа најмалку 4.300 луѓе.
Непознат број луѓе останаа затрупани под урнатините, а земјотресите зад себе оставија илјадници повредени како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Проценки: Може да има повеќе од 20 илјади мртви
Додека размерите на земјотресот продолжуваат да се развиваат, Светската здравствена организација предупреди дека бројот на загинати може да надмине 20.000.
Меѓународните спасувачки мисии побрзаа во двете земји и работеа во текот на ноќта за да најдат преживеани.
„Ние сме уништени, депресивни… Боже мој… Луѓето не викаат да ги спасиме, но ние не можеме да ги спасиме. Како ќе ги спасиме? Од утрото нема никој“, вели жител на Турската провинција Хатај.
Во градот Кахраманмарас во југоисточна Турција, луѓето се уште се обидуваат да ги сфатат размерите на катастрофата.
„Мислевме дека тоа е апокалипса. Тоа беше прв пат да доживееме такво нешто“, изјави една девојка во изјава за Гардијан.
Објавено е видео на кое се гледа рушење на новоизградена зграда во градот Малатја.
Malatya’da yeni yapılan bir bina, Kahramanmaraş depremi sonrası bugün yerle bir oldu. pic.twitter.com/dcNzSDi5yO
— ibrahim Haskoloğlu (@haskologlu) February 6, 2023
СЗО: Првичниот број на загинати беше 2.600, може да се зголеми осум пати
Кетрин Смолвуд, висок офицер за итни случаи на СЗО за Европа, рече дека бројот на загинати може да се зголеми за осум пати од првичните бројки, кога проценетиот број беше 2.600.
„За жал, секогаш го гледаме истото со земјотресите, а тоа е дека првичните извештаи за загинати или повредени значително ќе се зголемат во неделата што следи“, рече Смолвуд.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.