Американскиот претседател Џо Бајден вчера разговараше со турскиот претседател Таип Ердоган на кого му изрази сочувство и ја потврди подготвеноста да ја пружи сета потребна помош по земјотресот во кој загинаа илјадници луѓе.
Бајден рече дека американските тимови се распоредуваат брзо за да и помогнат на НАТО сојузникот Турција во напорите за спасување и потрага и да ја координираат другата помош што можеби ќе им треба на луѓето, вклучително и здравствена заштита и основни материјали, соопшти Белата куќа.
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Турција и Сирија рано наутро во понеделникот, по што следеше уште еден силен потрес, оставајќи луѓе заробени под урнатините. Според последните податоци, бројот на загинати надмина 3700.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.