Европската унија (ЕУ) испрати спасувачки тимови во Турција, која беше погодена од силен земјотрес што ја погоди и Сирија, изјави денеска европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.
„По земјотресот утринава во Турција, го активиравме механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Тимовите од Холандија и Романија веќе се на пат“, напиша Ленарчиќ на Твитер.
Таа помош е одговор на барањето на Турција, изјави неименуван портпарол на Европската комисија.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени (според некои податоци 7,9) го погоди јужниот дел на Турција и соседна Сирија.
Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на Турција, на околу 60 километри додека врана лета од границата со Сирија.
Во Турција и Сирија загинаа стотици луѓе, а неколку илјади беа повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.