Земјотресот во Турција почувствуван се до Гренланд

Сподели со своите пријатели

Потресите од силниот земјотрес што ги погоди јужниот дел на Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 1.400 луѓе во двете земји, се почувствувани дури до Гренланд, објави во понеделникот Данскиот геолошки институт.

Loading...

„Силни земјотреси во Турција беа јасно забележани на сеизмографите во Данска и Гренланд“, изјави сеизмологот Тине Ларсен.

Земјотрес од 7,8 ја погоди југот на Турција рано во понеделникот во провинцијата Кахраманмарас, а жртви и разурнувања има и во соседна Сирија.

Друга магнитуда од 7,6 степени ја погоди истата провинција неколку часа подоцна.

Помеѓу тие два силни земјотреси, ЕМСЦ забележа десетина последователни потреси со јачина поголема од 5 степени, а голем број од оние над 4 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.