Нов земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер денеска ја погоди Турција, по оној од 7,8 што го потресе југоисточниот дел на земјата пред понеделник наутро и во кој според последните податоци загинаа повеќе од илјада луѓе.
Нов земјотрес ја погоди областа околу Кахраманмарас, малку северно од Газиантеп, околу 11:30 часот по наше време.
На социјалните мрежи се појавија видеа кои го покажуваат моментот на тој втор земјотрес.
Во едно видео, репортерот во живо јави дека оди по улицата помеѓу блокови згради. Покрај него се движеа и жителите видно вознемирени од новите силни потреси.
После тоа е снимено како зградата почнува да се урива, а репортерот и луѓето панично бегаат кон отворениот простор.
Canlı yayında #deprem anı
▪️#Malatya’da artçı sarsıntı sırasında hasarlı binalar yıkıldı.
— Öztürk (@oztrk_aydn) February 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.