Снимка од дрон го покажува степенот на уништување во Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Разорниот земјотрес што рано утринава ги погоди јужните региони на Република Турција однесе најмалку 912 животи, додека 5.385 лица се повредени.

Loading...

Уништени се 2.818 згради, а пустошот од земјотресот може да се види на снимката снимена со дрон над градот Адана утрото по трагедијата.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,4 степени е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас.

Потоа следеа 42 последователни потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Најпогодени се провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Санлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.