Снимка од новиот разорен земјотрес во Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вонредна состојба во Турција, која за помалку од 10 часа беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Loading...

Во првиот земјотрес, кој утрово во 4 часот и 17 минути беше регистриран во Пазарчик, во Турција и Сирија загинаа најмалку 1.300 луѓе.

Вториот земјотрес се случи нешто пред 12 часот, а засега нема информации за жртви, повредени или материјална штета.

Безбедносните камери на едно возило го снимија моментот кога нов земјотрес ја погоди Турција.

На снимката најпрво се слуша татнеж, а потоа се гледа облак прашина за која постои сомневање дека се кренала по уривањето на зградата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Да потсетиме, во земјотресот што се случи синоќа беа уништени илјадници објекти.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.