Бројот на жртвите од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија се искачи на најмалку 1.200, а повеќе илјади се повредени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање изјави дека во таа земја загинале најмалку 912 лица.
Претходно беше објавено дека во Сирија загинале најмалку 386 лица.
Ердоган рече дека спасувачките тимови во Турција спасиле повеќе од 2.400 луѓе од урнатините и дека во моментов околу 9.000 луѓе се вклучени во спасувачките операции.
Не е познато колку луѓе се уште се под урнатините.
Нов земјотрес со јачина од 7,4 степени ја стресе истата локација подоцна, а повеќе детали наскоро.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.