Во разорниот земјотрес утринава во Турција, нема оштетувања на нафтоводот Киркук-Џејхан кој ја пренесува нафтата од Ирак во Турција.
Нема оштетувања ниту на нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан, каде сите нафтоводи функционираат непречено, изјави турски претставник.
Сепак, операциите на нафтениот терминал Џејхан во јужна Турција се прекинати, соопшти Агенцијата за нафтен транспорт Трибека, додавајќи дека во тек е итен состанок на терминалот во источниот Медитеран, на околу 155 километри од епицентарот на земјотресот, пренесува Ројтерс.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и северозападна Сирија и однесе скоро 1.000 животи.
Стотици луѓе беа повредени, а голем број станбени згради беа во урнатини, поради што голем број граѓани останаа на улиците изложени на екстремно ниски, зимски температури.
Претходно денеска државниот гасоводен оператор БОТАС објави дека поради оштетување на цевководите, прекин на протокот на природен гас во провинциите Газиантеп, Хатај и Кахраманмарас, како и во некои други области во Турција.
Росатом: Нуклеарната централа во изградба во Акуџу не е оштетена
Турската нуклеарна централа Акују, која моментално се гради, не е оштетена во разорниот земјотрес што денеска ја погоди централна Турција и северозападна Сирија, изјави Анастасија Зотева од руската компанија Росатом, која ја гради електраната.
„Тука беа почувствувани земјотреси од околу три степени… но нашите експерти не констатираа штета на структурата, крановите и опремата“, рече Зотева, пренесе Ројтерс.
Според неа, се спроведуваат обемни дијагностички мерки за да се обезбеди продолжување на безбедните градежни и монтажни операции, пренесе РИА Новости.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.