Турските вооружени сили формираа воздушен коридор за да им овозможат на тимовите за пребарување и спасување да стигнат до зоната погодена од силниот земјотрес на југот на Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
„Го мобилизиравме нашите авиони да испратиме медицински тимови, тимови за пребарување и спасување и нивните возила во зоната на земјотресот“, рече министерот за одбрана Хулуси Акар во изјавата, пренесе Ројтерс.
Разорен земјотрес од 7,8 степени рано утринава го погоди турскиот регион Газиантеп, а беше почувствуван и во Сирија.
Досега во двете земји загинаа повеќе од 600 луѓе, а илјадници се повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.