Во Турција по земјотрес се урна тврдина стара над 2000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По силниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција, се урна тврдина во Газиантеп стара над 2.200 години.

Loading...

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји.

Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.

Стотици мртви, илјадници повредени

Ројтерс јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во Шанлиурфа, 14 во Дијарбакир и 13 во Адијаман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земјотреси во близина на Крит

Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на официјален претставник на Министерството за здравство.

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.