Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) регистрираше дури 77 земјотреси во Турција и на границата на таа земја и Сирија, вклучувајќи го и вечерашниот најсилниот, чија магнитуда беше 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ покажуваат дека земјотреси се регистрирани во пограничната област меѓу Турција и Сирија, во централна и источна Турција.
Нивната магнитуда била од 3,3 до 6,7 степени според Рихтеровата скала.
Во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија, повеќе од 230 луѓе загинаа во Сирија, а повеќе од 600 се повредени, изјави помошникот сириски министер за здравство, Ахмед Дамирие.
Тој на сириската државна телевизија изјави дека бројот на загинати се искачи на 237, а повредени се 639 лица, пренесува Ројтерс.
Претходно беше објавено дека 76 лица загинаа во Турција, каде што беше епицентарот на земјотресот.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 76 лица загинале во седум турски провинции, додека повеќе од 440 се повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.