Туција: Се трага по преживеани, на помош пристигнуваат екипи од целиот свет

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Турција и Сирија во понеделникот, при што загинаа десетици луѓе и срамни згради со земја додека луѓето сè уште спиеја, а последователните потреси се почувствуваа дури и на Кипар.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница.

Телевизиските снимки покажаа шокирани луѓе во пижами како стојат во снегот додека спасувачите копаат низ урнатините од куќите.

Спасувачите даваат се од себе за да ги спасат луѓето кои останаа затрупани во урнатините по земјотресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Индонезија: Има загинати, над 80 повредени, стотици евакуирани

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека спасувачки екипи доаѓаат од целата земја.

– Се надеваме дека заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала штета – напиша тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.