Ледена снежна бура парализираше големи делови од Америка: Починаа шест лица

Сподели со своите пријатели

Стотици илјади домаќинства се без струја, училиштата се затворени во некои области, а условите на одредени патни делови се отежнати поради снегот и мразот, пренесува АП.

Loading...

Официјални лица издадоа предупредувања за западниот дел на Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана, западниот дел на Тенеси и северниот дел на Мисисипи, пренесува АП.

„Ситуацијата во Тексас ќе се влоши. Замрзнат дожд паѓа на прилично голема област во западниот и северозападниот дел на Тексас“, рече Боб Оравец, директор на Националната метеоролошка служба во Мериленд.

Во средата беа откажани 2.300 летови, три четвртини од летовите од аеродромот Далас-Форт Ворт и повеќе од две третини од летовите од аеродромот Лав Филд во Далас, додека во вторникот бројот на откажани летови беше помал од 2.000.

Во Тексас, повеќе од 350.000 потрошувачи, од кои половината во Остин, останаа без струја во средата попладне, а замрзнатиот дожд ги покри далноводите.

Најмалку шест лица загинаа во сообраќајни несреќи поради тешки зимски услови за возење, снег и мраз.