Лајен и Борел пристигнаа во Киев на самитот Украина – ЕУ

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска пристигнаа во Киев, каде што ќе присуствуваат на самитот Украина-ЕУ.

Loading...

„Убаво е што се вратив во Киев. Ова е моја четврта посета од инвазијата на Русија. Овој пат, со мојот тим на комесари“, напиша Фон дер Лејен во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Таа додава дека дошла во Киев за да покаже дека „ЕУ стои на Украина цврсто како и секогаш“, и дополнително да ја продлабочи поддршката и соработката на Украина во ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

„Пристигнав во Киев за да пренесам порака за поддршка од ЕУ до сите Украинци кои ја бранат својата земја“, стои во пораката објавена од Борел на Твитер заедно со фотографија од железничката станица во Киев по излегувањето од возот.

Тој нагласува дека помошта од ЕУ за Киев достигнала 50 милијарди евра од почетокот на војната, дека Европа е со Украина од првиот ден на конфликтот и дека во иднина ќе стои со народот на Украина, до „победа“. .

Десетици највисоки претставници на ЕУ денеска пристигнаа во Киев со ветувања за поголема воена, финансиска и политичка помош, пренесува Ројтерс.

Највисоките членови на извршната Европска комисија на ЕУ денеска ќе се сретнат со своите колеги во украинската влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индиската муниција заврши кај Украинците. Русите се бесни

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен утре ќе се сретнат со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Loading...

Утрешниот самит Украина-ЕУ е првиот собир од висок профил во главниот град на Украина од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година.

За време на состаноците планирани се дискусии за испраќање дополнителна воена помош за Украина, подобрување на пристапот на украинските производи на пазарот на ЕУ, помагање на Украина да ги покрие своите енергетски потреби, воведување нови санкции против Русија, гонење на раководството во Москва за воени злосторства и други теми.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.