Зеленски му се заблагодари на Бајден за одлуката да испрати тенкови

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател што се согласил да испрати 31 тенк М1 Абрамс во Украина.

Loading...

– Ова е важен чекор на патот до победата. Денес слободниот свет е обединет како никогаш досега за да се постигне заедничка цел – напиша Зеленски на својот Твитер профил.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно потврди дека САД ќе испратат 31 тенк М1 Абрамс во Украина.

Тој ја опиша одлуката како зголемен ангажман на европските сојузници на Украина кои покажуваат дека сè уште се обединети против руската инвазија.

Пред оваа одлука на Вашингтон, Германија одобри испраќање на тенкови Леопард 2 во Украина, како и нивен реекспорт од земјите партнери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Во првиот пакет во Украина ќе бидат испорачани 14 „леопарди“ од германските воени резерви, а Германија ќе обезбеди логистика и муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „искрено благодарен“ на Германија и на канцеларот Олаф Шолц за „важната и навремена“ одлука на Берлин да испорача тенкови Леопард 2 на Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...