Зошто Германија се двоуми да испрати тенкови во Украина?

Сподели со своите пријатели

Расте притисокот врз Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, но се чини дека нејзината влада не е подготвена за тој потег.

Loading...

Полска понуди да ги испрати своите Леопарди, но за тоа е потребна потврда од Берлин, кој ги издал оригиналните извозни дозволи.

Според извештаите, Германците се подготвени да попуштат доколку САД испратат дел од своите тенкови Абрамс.

Меѓутоа, Американците тврдат дека Абрамс е посложена машина која бара повеќе обука за екипажот.

„Шолц и неговата политичка партија сè уште веруваат во стариот слоган од Студената војна „Waffen bringen kein Frieden“ (Оружјето не носи мир), така што испраќањето оружје во Украина беше и сè уште е анатема за нив“, рече Томас Јегер, политиколог во Универзитетот во Келн, за Лос Анџелес Тајмс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

Уште од почетокот на руската инвазија, Германија се обидуваше да избегне конфликт со Москва.

Берлин, исто така, тврдеше дека испраќањето тенкови од советската ера би било поефикасно бидејќи Украинците веќе се обучени за нив. Некои рекоа дека Германија се плаши од продолжување на војната, но други тврдат дека оваа загриженост е ирелевантна со оглед на тоа што Русија веќе е целосно посветена на војната.

Но, некои внатре во земјата сè уште ја критикуваат таквата политика, а минатата недела Мари-Агнес Штрак-Цимерман, од германската Слободна демократска партија (ФДП), рече дека Социјалдемократската партија на Шолц погрешно го разбрала значењето на пацифизмот.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.