Европската комисија му се заканува на ТикТок со санкции

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот, на 19 јануари, членовите на Европската комисија ѝ се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции бидејќи дозволува ширење на штетна содржина.

Loading...

Европската комисија го предупреди извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции.

„Не е прифатливо дека зад навидум забавните и безопасни функции, корисниците можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина за само неколку секунди“, рече во четвртокот комесарот на Комисијата Тиери Бретон.

Тој додаде дека е загрижен и поради тврдењата дека се шпионираат новинари и дека личните податоци се испраќаат надвор од Европа.

ТикТок се соочи со голем број проблеми за време на неговиот брз пораст на ривалските социјални платформи во сопственост на Meta и YouTube, главно поврзани со безбедноста и благосостојбата на неговите многубројни малолетни корисници.

Онлајн платформата ТикТок, во сопственост на кинеската компанија Bytedance, долго време е предмет на критики за слабата заштита на податоците на нејзините млади корисници.

Исто така, постојат стравувања дека кинеската држава би можела да има пристап до податоците на ТикТок, што платформата го негира.

„Нема да се двоумиме да ги воведеме сите можни санкции доколку контролите не покажат целосна усогласеност“, додаде Бретон, потсетувајќи на Законот за европски дигитални услуги, според кој големите платформи ќе бидат одговорни за кршење на правилата од 1 септември оваа година.

Loading...

Новиот закон на ЕУ дозволува и забрана за давање услуги во Унијата во случај на повторени сериозни прекршувања на правилата кои го загрозуваат човечкиот живот или нивната безбедност.