Расте црниот биланс од хеликоптерската несреќа кај Киев

Сподели со своите пријатели

Украинските медиуми јавуваат дека бројот на жртвите од хеликоптерската несреќа кај Киев сега е 18, а меѓу нив има и три деца.

Loading...

Денеска хеликоптер удри во зграда на градинка во Бровари во близина на Киев.

Ова го потврди Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воено-цивилна администрација на Киев.

Според него, децата биле во градинка кога авионот паднал.

„Киевскиот регион. Во градот Бровари хеликоптер падна во близина на градинка и станбена зграда. Во моментот на трагедијата во градинката имало деца и вработени во установата. Во моментов сите се евакуирани. Има жртви. На местото на несреќата има брза помош, полиција и пожарникари“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа дека зградата гори и се вели дека објект сличен на хеликоптер се урнал во близина на зградата.

Сега бројот на жртви се искачи на 18. Меѓу нив има три деца, како и украинскиот министер за полиција Денис Монастирски, неговиот заменик Евгениј Јенихи и државниот секретар Јуриј Лубкович.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...