Вашингтон пост: Киев во дилема поради Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украина се соочува со тежок избор дали да се обиде да ја продолжи борбата за Бахмут, со оглед на големите жртви и потрошувачката на муниција, објави денеска Вашингтон пост.

Loading...

Во текстот насловен „Крвавата опсада на Бахмут е ризик за Украина“ се наведува дека „Украина се соочува со тежок избор колку долго нејзините војници треба да бидат вклучени во битките за опколениот Бахмут“, пренесува Тасс.

Според весникот, еден од украинските офицери, кој неодамна учествувал во одбраната на Бахмут, рекол дека неговата единица претрпела „многу тешки загуби“.

Во исто време, многу воени аналитичари, како што пишува Вашингтон пост, сметаат дека тој град е „контроверзна цел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

„Украинските сили сега мора да одлучат колку човечка сила и муниција можат да си дозволат да изгубат за да продолжат да го бранат Бахмут, за кој многу воени аналитичари сметаат дека е од релативно мало стратешко значење во однос на пошироката слика на борбите, но кој исто така има стане политички симбол за двете страни“, се наведува во текстот.

Одлуката мора да биде донесена бидејќи украинските власти, очекувајќи ги ветените испораки на ново оружје од САД, Франција и Германија, велат дека се подготвуваат за нова контраофанзива во наредните месеци.

Во исто време, според весникот, откажувањето од обидот да се задржи Бахмут би било тешка одлука за Киев од политичка гледна точка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

„Украинските власти го претставија Бахмут како тврдина и симбол на натчовечки отпор, поради што дури и однапред пресметаното повлекување од политичка гледна точка нема да биде лесно“, пишува Вашингтон пост.

Loading...

Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков денеска изјави дека јуришните одреди на руските трупи продолжиле со напредувањето кон северното предградие на Бахмут.

Тој нагласи дека претходно воспоставената контрола над Соледар овозможува да се пресечат патиштата за снабдување на украинските војници во Бахмут, а потоа да се блокираат и „стават во казан“ украинските единици кои останале во градот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.