Украина тврди дека Киев бил нападнат со балистички ракети од север

Сподели со своите пријатели

Регионот на Киев денеска беше нападнат со проектили од север кои се движеа по балистичка траекторија, изјави денеска за украински Канал 24 портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат.

Loading...

Коментирајќи го утринскиот ракетен напад врз регионот на Киев, Игнат рече дека сѐ уште се утврдува точниот тип на ракета, но дека најверојатно летала по балистичка траекторија од север, пренесува украинската агенција Интерфакс.

„Исто така, долж балистичката траекторија се користат и ракети С-300, кои денеска го погодија, особено Харков, погодија и критични инфраструктурни објекти“, рече Игнат, пренесува Танјуг.

Тој рече дека украинската противвоздушна одбрана се уште не е способна да открива и уништува балистички ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виктор Медведчук го пријавил во белгиското обвинителство обидот на Зеленски да го поткупи Фицо

Балистичките ракети, за разлика од крстаречките ракети, се водат само во почетната фаза на летот, а подоцна нивната траекторија се регулира со законите на балистиката.

Балистичките ракети кои летаат над атмосферата имаат далеку поголем дострел од крстаречките ракети со иста големина.

Нивната крајна брзина е поголема од 5.000 m/s, така што балистичките ракети се многу потешки за пресретнување од крстаречките ракети поради многу пократкото достапно време.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...